Од утре улична забава за кавадарчани на градскиот плоштад
Во центарот на Кавадарци утре и во сабота со почеток од 19:00 часот граѓаните ќе имаат можност да уживаат во претставите на светски познати поединци и групи на улични забавувачи.
Според предвидената програма утре на плоштадот своите вештини и уметнички квалитети ќе ги презентираат 13 групи од осум земји и тоа: Србија, Аргенитна, Бразил, Колумбија, Германија, Нигерија, Шпанија, Грција и Бугарија. Нивните точки се со врвен квалитет, а меѓу нив има еквилибристи со шапки, со хула-хп, на моноцикли, потоа илузионист со карти и метални монети,играчи со огин, луѓе стаути, брејк денсери, уличен сликар и национална фолклорна група.
Баскер фестот продолжува и во сабота во истиот термин, кога пред нас ќе се претстават нови осум изведувачки групи и поединци. Тие се професионални улични забавувачи од: Шпанија, САД, Италија, Бугарија, Романија и Македонија.
На втроиот ден од гостувањето на „Баскер фест“ кавадарчани ќе се забавуваат и ќе уживаат во вештините на брејк денсот, бразилската самба, шпанскиот танц Фламенго, во циркуските вештини, потоа на спретното балансирање по огради и ѕидови, а за најмладите има и уметник за шарање на лице во навивачки бои.
Ова ќе биде адинствена и исклучителна можност кавадарчани да го почуствуваат духот на светските метрополи, каде во срцето на најпрометните и најпрестижни улици овие артисти ја прикажуваат својата умешност, вештина и наареност, секојдневно забавувајќи ги граѓаните.
Покровители на манифестацијата се градоначалникот и советот на општина Кавадарци./А.Д