Кавадарци во акција за побезбеден сообраќај
Со цел поголема безбедност во сообраќајот и смирување на брзината на автомобилите денеска во Кавадарци започна поставувањето на пластични пречки по улиците пред училиштата во градот. Како што велат од општината, овие пречки би требало да спречат брзо и непрописно возење.
„Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две основни училишта. Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. Потоа оперативата на специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на Булеварот„Цветан Димов“ на влезотво ООУ „Гоце Делчев“и тоана двете коловозни ленти. Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стручно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојотна „Илинденска“, како и на ул. „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов““ информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев./ А.Д