Пломба за заботехничка лабораторија во Кавадарци, работела на диво
Државниот здравствен и санитарен инспекторат затвори заботехничка лабораторија во Кавадарци. Бидејќи работела без дозвола, лабораторијата е пломбирана, потрврија од инспекторатот.
„Ќе добијат записник, решение со кое ќе им биде изречена казна и ќе продолжат со работа кога ќе обезбедат дозвола за тоа, се што е пропишано со законот за здравствена заштита. Може да имаат барање, тоа е ирелевантно, се додека немаат дозвола не може да се работи. Како и да е, законските прописи се тие, барање може да се поднесе, меѓутоа, додека не се добие дозвола, не може да се почне со работа, информираа од Инспекторатот.
Неофицијално дознаваме дека на лице место се откриени работници кои не биле пријавени и работите ќе вршеле на црно. Се чека реакција и од другите служби. Има индикации дека во оваа нелегална активност се вклучени и лекари и лица од естрадата/А.Д