Реновирана е зградата на против пожарната единица во Кавадарци
Целосно е реновирана зградата на противпожарната единица во Кавадарци. Се изградија и нови гаражи за возилата. Останува уште хортикултурното уредување на дворот, информираа денеска од прес службата на општина Кавадарци.
„Согласно овој значаен проект општината изврши целосна реконструкција на внатрешноста, како и на фасадата на зградата на Територијалната против пожарна едница Кавадарци. Се изгради современа гаража со пет дела каде се паркираат против пожарните возила,дворот е целосно урбанизиран и поплочен и бетониран, подигната е метална ограда, а поставено е и ново јавно осветлување околу и на самиот објект. “ велат од локалната самоуправа.
После извршените интервенции објектот и локацијата на против пожарниот дом се оформиа во современ урбанизиран простор, кој обезбедува оптимални услови за престој и работа на пожарникарите, како и за чување на опремата.
Општината како и општествено одговорните компании и невладини орган изации во изминатиот период за противпожарната служба донираа, оптема за пожарникарите, возила за различни интервенции, срдства за радио комуникација и други потреби за осовременување на ТПП единица./А.Д