Крадец фатен на место на кражба во Кавадарци
Објавено на 27 јануари, 2020 во 22:27
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода С.Д.(45) од Кавадарци,вчера, недела 26 јануари околу 21.30 часот затоа што бил затекнат како извршува тешка кражба во куќа на ул.„Пролетерска“ во Кавадарци.
– Крадецот бил задржан во Одделенето за внатрешни работи во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во соопштението на СВР Велес/У.Ј .