Кавадарци ја проширува и реновира атмосферската канализација (видео)
Објавено на 18 мај, 2022 во 10:43
Проект вреден 2,2 милиони евра, грант од германската KFW банка, се реализира во Кавадарци. На повеќе улици ќе се врши реконструкција на атмосферската канализација, но и одвојување на фекалната од атмосферската.
Градоначалникот Митко Јанчев и претставници на германската банка извршија увид во градежните активности за реконструкција на атмосферската канализација на улица „Вардарска“. Побараа трпение од граѓаните поради забавувањето кое ќе се случи во сообраќајот, сооглед на поголеми градежни зафати кои ќе се реализираат наредните месеци.
Улиците каде што ќе се вршат прокопи по завршените активности ќе бидат вратени во првобитна состојба.
Aнгел Данов