Само половина час траеше денешната 53-та редовна седница на советот на општина Кавадарци. Без многу дискусија советниците разгледаа и одлучуваа по дваесетина точки.

Од 30 до сто отсто е мрзнењето на окцата кај виновата лоза од поларниот бран со кој беше зафатена Тиквешијата и земјава. Овие податоци ги соопштија од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството Кавадарци, по направените теренски проверки за степенот на мрзнење на лозјата.

Податоците од Центарот за јавно здравје Кавадарци покажуваат дека 95 отсто од населението во Тиквешијата пие исправна вода. Единствено проблем има со водата од селските водоводи и селските чешми.

Од храмот Свети Димитрија во Кавадарци денеска алармираа  дека непознат измамник, кој најверојатно не е од овој крај, изминативе денови ги псоетувал домовите на кавадарчани и им продавал верски календари.

Дваесет и пет годишниот Никола Мантев од Кавадарци беше најсреќен меѓу десетината момчиња кои скокнаа по светиот крст во водата на реката Луда Мара во Кавадарци.

Се намалува бројот на нови заболени од грип покажуваат податоците од кавадаречкиот центар за јавно здравје. Споредено со периодот пред и после новогодишните празници евидентно е дека грипот попушта.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново