Ќе се организира превоз до Езеро Младост ако велешани покажат интерес, најави градоначалникот Коцевски
Општината летово сака да организира превоз до Езеро Младост за велешани. Сепак се ќе зависи од потребата на граѓаните што ќе се измери преку анкета објавена на медиумите. Дел од граѓаните веќе пројавиле интерес тоа ќе зависи од бројот на граѓани што секојдневно или за време на викенд ќе сакаат да се капат и рекреираат на Младост.
Доколку интересот биде голем за секојдневна посета на езерото тогаш општината размислува да воведе дневна автобуска линија.
-Од одговорите на граѓаните на анкетата преку медиумите ќе зависи дали автобусите ќе сообраќаат само за време на викендите или и во време на работните денови. Тогаш ќе ги соопштиме конректните информации кога ќе сообраќа автобусите, во колку часот ќе тргнуваат, на кои автобуски постојки ќе може да се чекаат и во колку часот ќе биде враќањето кон Велес. Би сакал да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани и да го направиме езерото Младост што подостапно за нив, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Инаку на Езеро Младост при крај се градежните работи во делот на паркингот над првата плажа, кадешто се поставува сепаратор за масло за да не се загадува водата од паркингот и во завршна фаза се паркот на авантури и инклузивното детско игралиште.
Стефани Манева