Крводарителска акција утре во Кавадарци

Објавено на 16 август, 2022 во 11:13

Поради зголемена потреба од сите крвни групи на државно ниво, се покануваат сите граѓани од Кавадарци и Росоман да земат учество на утрешната крводарителска акција со цел да спасат нечиј човечки живот.

– Црвен Крст Кавадарци ги покануваат сите крводарители кои се чувствуваат здраво и можат да даруваат крв да го направат тоа, пишува во соопштението.

Крводарителската акција ќе се одржи во дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци со почеток во 08:00 часот и ќе трае до 15:30 часот.

Биди хуман, дарувај крв и спаси нечиј живот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.