Нападната рибочуварка на Тиквешко езеро и кавадарчанка на улица во Кавадарци
Рибочуварката М.П. (41) oд Скопје вчера пријавила во ОВР Кавадарци дека околу 19.30 часот на место викано „Голеш“, додека извршувала работни задачи, на Тиквешко езеро, била физички нападната од едно лице кое ловело риби во езерото.
Во полициската станица во Кавадарци во текот на вчерашниот ден е регистрирана и втора пријава за напад на кавадарчанка. Педесет и две годишната Т.Г.пријавила дека пред девет дена, поточно на 26-ти минатиот месец ул: „12 – те Другари“ во Кавадарци била физички нападната од Н.Ш.(45).
– Се работи на расчистување на случаите, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Исто така, вчера утро, околу 07.30 часот во Полициска станица Велес, Љ.Ѓ. (61) од Велес пријавил дека на ул:„Вардарска“ во Велес бил каснат од бездомно куче.
Стефани Манева