Хуманоста на дело: Црвениот крст Неготино постави мобилна чекална – шатор во дворот на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино

Објавено на 2 декември, 2020 во 13:38

crven krst

02.12.2020

Општинската организација на Црвениот крст Неготино, веднаш одговори на барањето на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино и изврши монтажа на мобилна чекална-шатор со грејно тело и клупи за седење, веднаш пред службата за Итна медицинска помош за згрижување на пациентите кои треба да примаат дневна терапија за КОВИД 19, информираат од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино изразуваат огромна благодарност до членовите на Општинската организација на Црвениот крст Неготино за брзата реакција, како и високиот степен на солидарност и хуманост.  Од таму, додаваат дека во овие моменти помошта е потребна повеќе од било кога, без разлика од каде истата доаѓа.

Поради влошените временски услови мобилната чекална е монтирана во вистинско време, обезбедена е со грејно тело и сега пациентите ќе бидат згрижени на топло, информира д-р. Билјана Филипова, директорка на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Mите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.