Атракција во Неготино: Дедо Мраз делеше подароци низ улиците

Објавено на 25 декември, 2020 во 14:34

 NegotinoDedoMraz fin

25.12.2020

Дедо Мраз со коњска кочија денес продефилира по голем дел од неготинските улици, притоа делејќи новогодишни пакетчиња на случајните минувачи. Секако, први пакетчињата ги добиваа најмалите кои му се радуваа на најпознатиот дедо со бела брада.

Возењето на Дедо Мраз го организира Коњичкиот клуб “Adventure” од Неготино, кој со овој интересен гест внесе убава предновогодишна еуфорија, која оваа година, заради пандемијата, малку како да изостана. Иницијатор и дел од оваа празнична акција беше сопственикот на коњичкиот клуб, Петар Балкански, кој воедно е сопственик и на познатиот ресторан “Балкански” кој се наоѓа во центарот на Неготино.

DedoMrazNegotino fin

Дедо Мраз делејќи ги пакетчињата на сите им посака да имаат само исполнети и убави мигови во Новата 2021 Година, како и среќни Божиќни и Новогодишни празници.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.