Усвоен е Буџетот на Општина Неготино за 2021 година: Вреден 391.299.986 денари

Објавено на 29 декември, 2020 во 10:30

1

29.12.2020

Советниците во Советот на Општина Неготино вчера, на последната седница за оваа година, го изгласаа најважниот финансиски документ-Буџетот на општина Неготино за наредната 2021 година.

Буџетот за наредната година е проектиран на 391.299.986 денари и истиот е реален и развоен. Тој воглавно се фокусира на предвидените капитални инвестиции и решавање на инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Исто така, средства од Буџетот ќе бидат распределени и за поддршка на работата на сите јавни претпријатија кои се во надлежност на Општина Неготино, информираат од локалната самоуправа на Општина Неготино.

Седницата за Буџетот се одржа во просториите на Центар за култура – Ацо Ѓорчев, а со цел почитување на здравствените протоколи за заштита од Ковид -19.2

Во насока на овозможување услови за конструктивно работење, вчера советниците ги изгласаа и Програмите за работа и активности на Одделенијата на локалната самоуправа кои треба да се реализираат во текот на 2021 година.

Мите Јаначков                                                     

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.