Починати двајца пациенти од Ковид -19 во велешка болница
Објавено на 4 март, 2022 во 13:09
Почината е жена на деведет и едно годишна возраст од Градско и маж на осумдесет и две годишна возраст од Чашка.
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 19 ковид пациенти од кои 15 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 16 пациенти и на Интерно Б одделение тројца, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се седум пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен.
Стефани Манева