Покрај безбедносната забрана, велешани продолжија да си возат по сокакот позади куќата на Ванови

Објавено на 6 април, 2023 во 11:43

Општина Велес пред седум дена постави знаци за забрана за сообраќај на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ но граѓаните ги вадат за да поминат со возила а децата откопуваат камења од небезбедниот потпорен ѕид. Никој не ја почитува сигнализацијата и препораките на стручните лица во општината.

Дума.мк пишуваше за овој проблем пред 13 дена по што следеше реакција на локалната самоуправа.

„Како резултат  на оштетување на дел од потпорен ѕид од камен на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ во Велес (во непосредна близина на  Стар Мост, позади станбена куќа) и обрушување на дел од ѕидот – камења  од различна големина, ве известуваме дека улицата не е безбедна  да се користи за пешаци и за возила  на потегот од спој со улица „8 Септември“ до спој со улица „Стојан Јанаќиевиќ“.

За таа цел општина Велес постави неопходна сообраќајна сигнализација со која се забранува  користење  на споменатата должина од  улицата за пешаци и возила,“ пишува во објавата на веб страницата на Општина Велес

Исто така, општина Велес најави дека ќе презела активности за распишување на јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција и санација на делот од оштетениот потпорен ѕид и дека ќе го санира за 45 дена.

„Но граѓаните не ја почитуваат поставената сигнализација за лична безбедност,“ и пишуваат на Дума.мк. жители чии куќи се најзагрозени од небезбедниот ѕид.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.