Претрес во велешко, пронајдено оружје и муниција како и приведени две лица
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/G.Jabolciste-1-fin.jpg)
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Сектор за внатрешни работи Велес и полициски службеници на Полициското одделение Чашка, денеска, ги лишиле од слобода М.З. (86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал”, ловечка пушка ,,Црвена Застава”, карабин ,,Хемерлес”, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ,,ЦЗ- 99″, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин ,,Црвена застава”- расклопен на делови и карабин без ознаки.
-Лицата биле приведени во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З.(44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал” и 20 патрони за пушката. Известен бил јавен обвинител.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)