Се намалува бројот на Ковид-19 пациенти во велешка болница
Објавено на 10 октомври, 2021 во 16:13

Од вкупно хоспитализираните 44 пациенти потврдени позитивни се 27 додека осум се сомнителни и исто толку пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти.
Најголем е бројот на пациенти кои се лекуваат на Инфективно или 23, во Модуларна болница 11 и на Интeрно одделение 10 пациенти.
Од велешка болница денесека испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска
