Тешко повреден маж во сообраќајна незгода кај наплатна станица Отовица
Објавено на 19 декември, 2022 во 11:48
Шеесет и девет годишниот З.П од Скопје, се здобил со повреди на граден кош и скршени ребра при сообраќајна незгода којашто се случила вчера, околу 15:30 часот на автопатот А1, во близина на наплатна станица Отовица. Тој управувајќи патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.
Портпаролката на Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека поради повредите пациентот бил преместен на Торакална хирургија во Кличички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека по овластување на јавен обвинител увид извршила екипа од СВР Велес.
Дума.мк