Сообраќајка во Речани со полесно повреден странец и велешани!
Во директен судар на две патнички возила, синоќа, на патот во индустриската зона Речани настрадаа неколкумина велешани и еден странец од Италија.
Несреќата се случила околу 22 часот, во близина на управната зграда на Македонија пат, помеѓу автомобил марка „Шевролет каптива“ со бугарска регистрација управувано од Џ.З(49) од Италија и автомобил марка „Голф“ со велешки регистерски таблички управуван од Д.К (23) од Велес.
Велешката полиција направила увид и отворила истрага во која ќе се утврдуваат причините за несреќата.
Повредените со брза помош биле пренесени во болницата во Велес каде по санирањето на повредите биле пуштени на домашно лекување.
Според првичните информации на очевидци возилата биле оштетени додека луѓето за среќа поминале со полесни повреди. Тие тврдеа дека странецот бил под дејство на алкохол./Б.Н