Извадено телото на велешанката Јелица Бошкова која смртно настрада во пожарот во Дворови

Објавено на 12 февруари, 2015 во 10:51

Седумдесет и четири годишната Јелица Бошкова, која жива изгоре во големиот пожар во Дворови, вчера околу 16 часот беше извадена од урнатините на нејзината куќа.  Од безбедносни причини, речиси по два дена екипите успеаја да го извадат нејзиното  тело и да го предадат на роднините.

Тоа се случи откако пожарникарите успеаја целосно да го изгаснат пожарот по што се создадоа услови за да можат да влезат и да го започнат расчистувањето на уништените куќи.

Пожарот се случи ноќта спроти вторникот. Во него целосно изгореа две куќи и дел од погон на текстилна фирма.  Од пламените јазици не успеа да се спаси седумдесет и четири годишната жена, а при гаснењето на пожарот полесно се повредија уште шест граѓани. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.