СДСМ: Дрвјата пред Гимназијата не се опасни, власта да прекине со атакот врз градското зеленило

Објавено на 12 февруари, 2015 во 14:33

Се сечат боровите дрвја во дворот на велешката Гимназија. Сечат вработените на јавното комунално претпријатие и така се спроведува одлуката на Советот на општината за реконструкција на паркот. Исечени се девет а во моментов се сечат уште дваесет дрвја. Оваа последна дрвосеча предизвика реакција кај опозициската СДСМ. Портпаролката Весна Богоевска Стојанова рече дека гладоначалникот Славчо Чадиев и ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со уништување на и онака сиромашниот зелен појас во градот.

„ Граѓаните и сите ние што заеднички се спротивставивме на загадувањето и се боревме за заштита на животната средина погледнете како недомаќински се однесува Чадиев кон нашиот град. Се уништува зелениот појас пред Гимназијата, со кое право го правите тоа? Со кое право спроведувате еко геноцид во Велес? Заре за Вас ова е домаќинско однесување. Ги исековте дрвата во градскиот парк, во основното училиште Васил Главинов, во Офицерскиот дом за како што милувате да кажете да направите омилени катчиња за велешани. Погледнете колку тие паркови се посетени во лето? На педесет степени температура никој не одмара во парк без дрва,“ рече Богоевска Стојанова.

Од СДСМ не мислат дека станува збор за опасни и деградирани дрвја и го прашуваат градоначалникот и власта  зошто досега биле оставени во паркот ако навистина биле опасни по безбедноста на учениците и граѓаните.

„Со уништување на јавното зеленило Чадиев и ДПМНЕ го одржуваат јавното комунално претпријатие на сметка на граѓаните. Тие немаат такво право кон јавното зеленило кое е создавано од генерации,“ рече Богоевска Стојанова.

Одговарајќи на новинарско прашање портпаролката на СДСМ соопшти дека дрвосечата се случува откако со десет гласа „ за“ на советниците од власта, Советот на општина Велес ја донел програмата за подигнување на нови зелени површини . За неа не гласале опозициските советници бидејќи не прифаќаат да се уништува без причина создаденото градско зеленило./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.