Заврши откупот на тутунот во велешко
Од минатогодишната реколта откупени се околу 1.300 тони тутун од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово. Според откупувачите, поради лошите временски прилики, годинешниот род е со слаб квалитет. Со оваа индустриска култура се занимаваат околу две илјади семејства.
Не само годинешниот род, откупувачите ги откупија и неоткупените количества на тутун од минатогодишната реколта.
Просечната откупна цена годинава изнесуваше 120 денари за килограм. Тутутнот беше застапен на над 900 хектари земјоделска површина. Инаку деновиве тутунопроизводителите склучуваат договори со откупувачите за годинешното производство на тутун. Тие веќе ги вадат потребните документи од катастарот и ги поднесуваат за евиденција во подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес./С.А