Порака на граѓаните со дијабет:„Здрава иднина е наше право“
Во Велес има над 6.000 граѓани со дијабетес што претставува околу 13,5 % од вкупниот број на жители во градот. Загрижува бројката која говори за 20 деца со дијабетес кои се на возраст до 15 години. Бидејќи овие бројки не смеат да се игнорираат од собирот што во центарот на градот, пред споменикот на Кочо Рацин, го организираше Здружението на лица со дијабетес „Шекерче – Лолипоп“ порачаа дека овие бројки не смеат воопшто да се игнорираат. Воедно на 14 ноември, светскиот ден на дијабетесот членовите на ова граѓанско здружение упатија барања за подобрување на животот на лицата со дијабет во Велес.
– „Децата прво, потоа Дијабетесот! Стоп за дискриминацијата на децата во градинките и училиштата каде треба да се воведат едукативни работилници и предавања за подигнување на јавната свест за дијабетесот, рече претседателот на „Шекерче-Лолипоп“, Димче Велес.
Всушност ова нивно барање се однесува на подигнување на свеста кај останатиот дел од популацијата која наместо да ги омаловажува треба да ги прифати дијабетичарите и наместо со подсмев за боцкањето на инсулинот кој остава траги по нивните тела да им помага да ги наминат стресните мигови. Децата во игра знаат да се удрат а сепак треба да внимаваат тоа да не им го прават на другарчињата кои се боцкаат со инсулин во пределот на надлактиците или околу папокот во стомакот.
На денешниот собир на дијабетичарите во Велес, кои држејки во раце сини балони, прво пешачеа од пред Стоковната куќа до споменикот на Кочо Рацин, исто така беа соопштени уште три барања и тоа за воведување на европската пракса за набавка на инсулин и соодветна терапија за дијабетес со желба за нови групи на ваков вид иновативни лекови, особено ултра долго делувачките, како и сетови за инсулински пумпи за лицата на кои тие им се неопходно потребни. Потоа воведување на практиката Инсулинската аптека во градот сама да требува потребна количина на лекот, дијабетичарите да имаат редовни контроли од Малмед како и целосен и праведен пристап до здравствените услуги со целосна и несебична поддршка за работа на Центар за дијабетес во болницата во Велес./У.Ј