Започнува проектот Народна кујна во која за почеток, секој ден, педесет социјално загрозени велешани ќе добиваат топол оброк
23.06.2020
Станува збор за иницијатива на Гостилницата Боем и сопственикот Трајче Мешков, поддржана од Црвен Крст Велес и Евангелската црква.
Црвениот крст ја отстапи бараката, кај Железен мост, за потребите од реализација на Народна кујна со цел преку донации што подолго време Гостилница Боем ги собира од граѓани и општествено одговорни фирми или „условен оброк“ да зготви храна и да ја подели на сиромашни граѓани. Гостилницата формирала и Здружение на граѓани „Нула гладни во Велес“ кое ја има поддршката на Евангелската црква.
-Имаме одлична соработка со неделните топли оброци за дечињата, а тие се главните „виновници“ за ова нешто, и за оваа цел веќе е формирано здружение на граѓани „Нула гладни во Велес“. Како Евангелска Црква се заложивме, за почеток, да покриваме со средства барем пет дена, односно 250 оброци, секој месец. Имаме доверба во Бог дека ќе биде и повеќе од тоа. Доколку некој од вас сака да се приклучи кон оваа хумана акција Народна кујна со било што, намирници или донации за „условен оброк“ слободно контактирајте нѐ мене или Трајче, или пак донирајте директно на сметката на здружението 210074329250187(НЛБ БАНКА), рече пастор Филип.
– Со помош на црвен крст Велес , обезбедивме просторија каде ќе се дели храната на дневна база. Просторијата е хигиенски чиста и дезинфицирана, фала Чочков компани, Срѓан и Дејан за молерајот и Иви стил за материјалите. Со помош на базата на податоци на Црвен Крст и граѓанското здружение „Хаус оф хоуп – Ленче Здравкин“, точно се таргетирани лицата на кои им е најпотребна помош. Формиравме “здружение на граѓани за помош на социјално загрозени лица ЗА НУЛА ГЛАДНИ ВО ВЕЛЕС”. Формирано е за прецизна транспарентност и отчет на донациите. На секој донатор во секој миг му е достапен отчет за потрошените пари. Акциите кои би следеле подоцна ќе се одвиваат под “капата” на ова здружение, бидејќи така е редот и законот.Направен е детален проект за НАРОДНАТА КУЈНА во траење од 6 месеци. За сите заинтересирани доставете ни мејл за да го испратиме проектот . Следи фаза на донации, напиша на фејсбук, Трајче Мешков./Д.С