Оздравените 13 велешани од Ковид-19 се лекувале дома, под надзор на матичен лекар
26.08.2020
Двајца велешани со два негативни тестови на коронавирус се испишани вчера од Инфективното одделение на Општа болница Велес. Денеска нема оздравени кои заминале дома што значи дека бројот од 13 оздравени велешани се однесува на болни кои имале благи симтоми и се лекувале во домашни услови под надзор на матични лекари.
– На Инфективното одделение денеска се лекуваат 13 пациенти по вчерашниот прием на две пациентки, една позитивна и друга што чека резултат од земен брис на коронавирус, од Свети Николе. Од вкупниот број на лежечки пациенти осум се од Велес и пет од Свети Николе. Исто така тројца пациенти се на кислородна поддршка но во стабилна состојба, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.
Само еден нов случај на новозаразен од Ковид 19 денеска регистрира Министерството за здравство.
Оздравените 13 пациенти од Велес, во еден ден, го намали вкупниот број на активни случаи во градот од 38 на 25 лица./У.Ј