Активни 689 ковид болни од кои 54 се на лекување во болница и 626 дома
15.12.2020
Центарот за јавно здравје Велес денеска евидентира нови 23 ковид заболени велешани со што вкупниот број се искачи на 2479 додека за оздравени се регистрирани 28 сограѓани или вкупно досега 1711 велешани.
Од почетокот на пандемијата бројот на починати во Велес изнесува 79 лица.
Во велешко има активни 689 заболени од кои 54 се на лекување на Инфективното одделение во Општа болница Велес, 8 во приватни клиники во Скопје, еден ковид пациент е на Торакално васкуларна клиника додека во домашни услови се лекуваат 626 лица.
Денеска во велешка болница вкупно се лекуваат 61 ковид пациенти, од кои 50 се потврдено позитивни, непотврдени се 5 и 6 се со негативни тестови. На кислородна поддршка се 29 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 44, на Физикална 14 и на Интерно 3 пациенти.
Стоилко Андреевски
