Почина жена, болна од ковид-19, на лекување во велешка болница

Објавено на 16 декември, 2020 во 12:49

Infektivnovlez

16.12.2020

Пациентката на 78 годишна возраст, од Горно Јаболчиште, почина на Инфективно одделени во Општа болница Велес каде се лекувала три дена.

Денеска во велешка болница се лекуваат вкупно 54 ковид пациенти, од кои 44 се потврдено позитивни, 6 се непотврдени и 4 со негативни тестови. Од нив на кислородна поддршка се 21 пациенти.

Од болничко лекување испишани се 10 пациенти со по еден негативен резултат на брис.

Инаку на Инфективно се лекуваат 40, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација 11 и на Интерно одделение тројца пациенти. Последните се оздравени но, сеуште зависни од медицинска помош и нега во болнички услови.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.