Поголем број на оздравени од новозаболени велешани од ковид-19
27.12.2020
Нови 14 заболени граѓани денеска регистрира Центар за јавно здравје Велес со што вкупниот број на ковид болни сега изнесува 2714. Но за седум повеќе изнесува бројот на оздравени или 21 со што вкупно 2031 велешани од почетокот на пандемијата до денеска го прележаа заразното заболување.
По вчера починатите тројца велешани, жена на 65 годишна возраст, од Велес, хоспитализирана и лекувана три дена на Инфективно одделение во велешка болница како и двајца сограѓани кои се лекуваа во Болница „Жан Митрев“ во Скопје вкупниот број на починати изнесува 88 велешани.
Сеуште е висока бројката на активни или 595 сограѓани на коронавирусот.
Според информациите од Општа болница Велес на Инфективно одделение се хоспитализирани 39 и на Интерно одделение 3 пациенти или вкупно 42 ковид пациенти. Од нив 29 се потврдено позитивни,6 пациенти се сомнителни и 7 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Исто така на болничко лекување има и тројца велешани во приватни клиники во Скопје како и едно лица кое што се лекува во Болница „Козле“. Според Центар за јавно здравје Велес дома се лекуваат 566 позитивни ковид болни.
Стоилко Андреевски