Приведен велешанец за продажба на наркотична дрога

Објавено на 27 јануари, 2021 во 11:25

veles fin

27.01.2021

Полициските службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, на 26.01.2021 година околу 19:30 часот, го лишеле од слобода Љ.Т (41) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја наменети за улична продажба. Исто така пронајдени се и дигитална вага, евра и денари. – соопшти Верољуб Додевски, потпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

Лицето Љ.Т. бил приведен по полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

#СВР #Велес #ПолицискиСлужбеници #НаркотичнаДрога #Марихуана #ПолицискаСтаница

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.