Почина жена на 83 годишна возраст од корона вирус, во велешка болница вкупно 66 пациенти
Објавено на 21 март, 2021 во 15:00
21.03.2020
Жената два дена се лекувала на Инфективно одделение. Вкупно во Општа болница Велес хоспитализирани се 66 пациенти.
Од нив 59 се потврдено позитивни, три сомнителни и четири пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На Инфективно се лекуваат 46, во Модуларна болница 14 и на Интерно одделене шест пациенти.
На кислородна поддршка се 34 пациенти.
Во текот на денот од велешка болница се транспортирани двајца пациенти на скопск клники. По еден во Градска општа болница „8-ми Септември“ и во Приватна Болница „Систина“.
Убавка Јаневска