Проодни сите патишта кон селата во велешко
Објавено на 4 јануари, 2016 во 09:38
Вчерашните врнежи од дожд и снег во велешко не создадоа снежна покривка. Засега нема посериозни проблеми на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско. Патиштата кон селата кои гравитираат кон Велес се проодни. Единствено жителите на село Дреново се пожалиле дека на неколку места на патот имало подрзнување.
Според информациите од Центарот за управување со кризи проблемот бил надминат со тоа што службите на патот фрлиле сол. Од Центарот велат дека снегот не предизвикал никаков прекин на електричната енергија во општина Чашка. /Д.С