Водата од велешко езеро повторно се прелева преку браната

Објавено на 13 февруари, 2016 во 14:44

Зголемен е водостојот на езерото „Младост“. Водата повторно се прелева преку браната. Дождови ја зголемија количината на вода во вештачката акумулација. Нивото на водата е покачено и на северната страна на езерото. Таму се чини дека висината на водостојот е зголемена за близу еден метар. Тоа најдобро се гледа на самиот езерски брег, кај куќичката под мотелот „На велешко“. Објектот е целосно поплавен од водата како и првиот дел од бетонската тераса што ресторанот ја користи во летниот период. Количини од езерската вода се прелеваат и во паркот, под мотелот, иако таму има изграден ѕид што го одделува езерото од парковската површина.

Дождот што поинтензивно врне од вчера во велешко дополнително ќе го покачи нивото на водата во акумулацијата, рекоа рибари кои денеска ги сретнавме на брегот на „Младост“.  Според нив ситуацијата не е алармантна но потребна е претпазливост./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.