Театарската претстава на велешките гимназијалци си обезбеди учество на фестивал во БиХ
Со претставата „Дома“, младите актери од драмската секција на Гимназијата Кочо Рацин во Велес освоија бурни аплаузи и симпатии кај присутните на 53-от меѓународен драмски аматерски фестивал што се одржа на 24 мај во Кочани. Претставата ја режираше актерката од велешки театар Слободанка Чичевска по текстот на драмскиот писател Људмила Разумовскаја, а во неа играа учениците Филип Христовски, Кире Ацевски, Марија Баркова, Сања Мирчева, Никола Ризовски, Стефан Николовски, Кристијан Јорданов и други.
Освен македонски аматерски тетатарски групи на фестивалот учествуваат и театарски екипи од Србија и Хрватска.
Учеството на меѓународниот драмски аматерски фестивал им овозможи на велешките ученици да учествуваат и да ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал на аматерски театри што ќе се одржи во Требиње Босна И херцеговина. Таму ќе се претстават со истата театарска претстава. Освен македонската аматерска театарска група на фестивалот ќе учествуваат дваесетина аматерски театри од повеќе земји.
Инаку драмата „Дома“, младите актери за прв пат ја изведоа на патрониот празник на Гимназијата./Д.С