Од недела проценителите на штети излеваат на терен!

Објавено на 1 март, 2013 во 13:19

Петнаесетина велешани пријавиле штета од поплавите кои деновиве го зафатија градот и околината.

Најчесто земјоделци од Речани се оние кои поднеле барање за да се процени штетата која ја претрпеа од излевањето на Вардар. Но, штети освен на нивите има и на куќи, инвентар и фарми и тоа во населбата Речани и центарот на градот. Во општината очекуваат дека напливот на пријави ќе се случи после викендот откако луѓето ќе имаат време за тоа бидејќи сеуште не можат да се опорават од поплавата.

„Рокот кој го одредивме за поднесување барања е до идниот петок. Мислам дека сеуште е рано и за тоа имаме само петнаесетина пријави. Комисијата веќе беше на разгледување на теренот, но поради водата и калта, сеуште не може да се проценува колкави се досегашните штети. Мислам дека во недела ќе се создадат услови за проценителите да можат да работат“, рече Марија Настова, Општина Велес.

После проценките општината ќе направи елаборат кој треба да го одобри општинскиот совет кој го испраќа до Влада, која ги исплаќа штетите. Но, неизвесно е дали овој состав на советот ќе може да го одобри елаборатот бидејќи од 4 ти март започнува кампањата за избор на нови членови на совет. Уште понеизвесно е дали граѓаните воопшто ќе бидат исплатени ако се знае дека од сите елементарни непогоди кои се случија во последниве пет години велешани оштета не добиле.\Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.