Добар – три е оценката за четири годишната работа на велешкиот совет!

Објавено на 6 март, 2013 во 14:02

Велешани ги оценија советниците без разлика дали се од власт и опозиција. Тие пак во зависност од тоа на која опција припаѓаат така и се задоволни од мандатот кој им е при крај.

Двасет и тројцата досегашни советници се релативно малку познати меѓу велешани. Од анкетата која Дума.мк ја направи меѓу граѓаните ретко кој се интересирал за она што го работеле советниците. Од оние малку кои ја анализираа нивната четири годишна работа во просек ја оценија со добар (3). Дума.мк ги запраша колку се задоволни од тоа колку се задоволни од она што го сработија?

„Не сум задоволен многу, нормални активности и тековни работи не се решени. Очекував економски да се подобри ситуацијата. Оцена три им давам.

Има пропусти и тоа големи во однос на економијата.

Моежеа да работат и подобро, со тројка ги оценувам“, велат велешани

И советниците без разлика дали се власт или опозиција се согласуваат кога ќе ги запрашаш за сопствената или за работата на другиот. Секогаш одговараат дека тие работеле максимално, но не и другиот.

За советничката од СДСМ, Весна Стојановска Богоевска опозицијата сторила се што може за подобар живот во градот, но власта ништо не ја послушала.

„Опозицијата секогаш се борела за интересите на граѓаните, сите проблеми кои ги слушавме од граѓаните беа презентирани пред советот, но ВМРО ДПМНЕ не наоѓа за сходно да ги прифати. За тоа сега има многу заостана проблеми, економската состојба, долговетуваните индустриски зони кои требаше да предизвикаат бум, вработување и стадард, не изградија нова еко зона, а ни проектна документација не донесоа. Донесоа стратегија за млади, а не ја реализираа па сега младите си заминуваат од градот оти нема перспектива. Преседан беше кога вреден имот како што беше хотелот во Врановци го подарија на друга општина и не почувствуваа тронка жал“, рече Стојанова Богоевска.

Спротивно на ова пак, советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Катерина Ѓорѓиева вели дека изминатите 4 години се период  поминат во работа за граѓаните на Општината.

„Особено ми е драго што бев член на еден од најуспешните Совети во Република Македонија со голем број на квалитетни одлуки донесени во насока на подобрување на животот на граѓаните. Лично, се гордеам што учествував во донесувањето на одлуки со кои се решија горливи проблеми на граѓаните, како што се големиот број на водоводни и канализациони мрежи, реконструкција на повеќе училишта, реконстукцијата на голем број на улици кои беа од огромна важност на граѓаните, реконструкцијата на Младонски парк.Како млад човек, мило ми е што можев да работам во совет која одвои најмногу средства досега за спортот и младите, за културата, за програмата за градежништво, за локалниот еконосмки развој“, рече Ѓорѓиева.

До истекот на мандатот на досегашните советници истекува уште малку време. Новиот состав ќе треба да ги реализира сите проекти кои ќе ги вети во предизборието. На влешани им останува на 24 март да ја заокружат  опцијата за која веруваат дека ќе им го подобри животот во градот./Б.Н.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.