(видео) ЈП „Парк-спорт и Паркинзи“ издава под закуп деловен простор

Јавното претпријатие „Парк – спорт и Паркинзи“ издава под закуп површина од околу 2100 метри квадратни во спортска сала „Гемиџии“ во кои спаѓаат купно седум деловни простории и два магацински простори, од кои едниот е поделен на три дела. Деловните простории може да се користат како канцеларии или кафетерии додека магацинските простории се наоѓаат во долниот дел на салата помеѓу народот познат како „Печуркарата“.

Во интерес на ЈП „Парк – спорт и Паркинзи“ е да се стави во функција или издаде севкупниот слободен простор во спортскиот објект затоа што може да создаде профит од што би се инвестирале финансиски средства за одржување на грандиозниот објект, рече директорот Зоран Јаневски.
Сите заинтересирани поединци и фирми кои сакаат да изнајмат простор во спортска сала потребно е да поднесат документи за учество во јавното наддавање. Документите се поднесуваат во општина Велес. Јавниот оглас веќе е објавен на медиумите, на официјалната веб страна на општината како и на влезот пред спортската сала „Гемиџии“.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 28 јуни, петок, со почеток во 08:00 часот.
Стефани Манева
