Во велешка болница хоспитализирани 67 ковид пациенти
Објавено на 1 октомври, 2021 во 14:55
Шеесет и седум пациенти се хоспитализирани во Општа болница Велес. Од нив 54 се потврдени позитивни на коронавирусот, четворица се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 34 пациенти. На Инфективно одделение се лекуваат 36 ковид пациенти, на Интерно одделение осум и во Модуларна болница 23.
Во текот на денешниот ден испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева