Здравствено безбедно е капењето на Езеро Младост, не се препорачува на река Бабуна
По еден месец од претходните резултати анализирани се мостри на вода земени од велешко езеро и река Бабуна. Не се подобрува состојбата со квалитетот на водата во река Бабуна покажуваат резултатите од анализите на мостри вода што секој месец ги работи Центарот за јавно здравје Велес. Водата на место плажа 1 е бактериолошки неисправна и е во трета класа . И по други параметри водата во река Бабуна не може да се користи за капење и рекреација и за наводнување на земјоделски површини.
Центарот за јавно здравје континуирано работи на лабораториски анализи на мостри земени од водата на градска плажа број 1 на велешко езеро чиј резултати покажуваат дека микробиолошки е исправна додека физичко – хемиски таа спаѓа во трета категорија поради заматеност.
Од оваа јавна здравствена институција велат дека водата во Езеро Младост може да се користи за капење и рекреација додека водата во река Бабуна треба да се избегнува да се користи за капење, рекреација и за наводнување на земјоделските површини.
Стефани Манева