Жена нападната од две домашни кучиња за што била приведена нивната газдарица во Полициска станица Велес

Објавено на 29 март, 2025 во 13:22

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера напладне, ја лишиле од слобода М.Г.(35) од Велес, постапувајќи по претходна пријава, дека нејзините две кучиња домашни миленици, кои биле пуштени без надзор, на улица „Никола Карев“ во Велес

-Кучињата ја нападнале 74-годишната С.А. од Велес, при што паднала и се здобила со повреди. М.Г. била приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.