Фирмите и граѓаните ќе добијат помош и наредната година

Објавено на 29 декември, 2020 во 10:33

pari fin

29.12.2020

На почетокот на 2021 година ќе следи нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона кризата.

Премиерот Зоран Заев за најавениот петти пакет мерки и неговата содржина, како и временскиот термин од кога тој ќе важи, одговори дека наскоро следува процес на консултации со синдикатите, претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и сите чинители, за да бидат највнимателно таргетирани потребните мерки. Тој подвлече дека државата има проектирано средства за оваа намена и во Буџетот за 2021 година.

Според нивните најави , наскоро за ова се очекуваат консултации и со Синдикатите, Стопанските Комори и другите социјални партнери. Целта како што додаваат, е таргетирање на оние кои се најпогодени од Ковид кризата

Портпаролот на Владата вели дека и овој пакет помош ќе личи на претходните.

„Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Досега со економски мерки се подржани најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.