Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Италија и Британија

Објавено на 4 февруари, 2014 во 15:36

Вкупната трговска размена со странство минатата година изнесувала 10.866.685 илјади американски долари, од кои 4.266.861 илјади долари е извоз, а 6.599.824 илјади долари се увоз. Пориеноста на  увозот со извозот е 64,7 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 2.332.963 илјади американски долари,jави 24 Вести.

Македонија лани најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Педесет проценти од вкупната размена отпаѓа на овие земји.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производи од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта, а најмногу се увезувале нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и моторни возила за превоз на лица.

Лани, 72,6 проценти од вкупниот извоз бил во земјите од ЕУ и во државите од Западен Балкан 17,6 отсто. И во увозот најголем дел отпаѓа на ЕУ (62,6 отсто).

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.