Фатени 20 лица на Д Фестивал со дрога, меѓу нив и грчки државјанин

Објавено на 3 јули, 2023 во 10:30

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.

Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога.

Од МВР известуваат дека за случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.