Шеќеринска: „Има решение за името“
Објавено на 5 јули, 2013 во 10:12
„Македонија е таа која што губи со нерешавање на спорот со името, а Грција може да преживее, бидејќи не плаќа никаква цена. Товарот е кај Македонија и СДСМ смета дека тоа мора да се измени со поактивен однос и со нудење решенија, при што ќе се создава притисок врз меѓународната заедница дека во нашата земја постои интерес за изнаоѓање на компромис“, вели заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска во интервју за Радио Слободна Европа.
Убедени сме дека со политичка волја може да се дојде до такво решение. СДСМ и во минатото покажал дека кога треба, носи одлуки и ја презема одговорноста.
извор: Радио Слободна Европа