Многу топло време до среда, од четврток намалување на дневните температури
Објавено на 24 јули, 2023 во 09:48

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се биде во интервал од 12 до 21 степен, а максималната од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде девет.
До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ-индекс. Најтопло ќе биде во вторник и среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.
Дума.мк
