Санација на свлечиштата кај Луково и Глобочица, патот Струга – Дебар затворен за сообраќај

ВИЈАДУКТ ТРЕЈТ известува дека почнувајќи од вторник 05.04.2022 ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта кај село Глобочица и кај село Луково на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затвoрање на овој дел од патот секој ден во термин од 10-14 часот во следниот период од 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
