Случај „Жан Митрев“: Сали и Шабани побараа уште време за да се истражат наводите за хемофилтрацијата и бактериите
Поради сомневање дека се вршени експерименти на пациенти заразени со Ковид-19, здравствените власти вршат вонредни контроли на приватната клиника „Жан Митрев“.
Исто така, постои сомневање дека некои пациенти починале по инфекции во болниците, кои не биле пријавени кај надлежните.
Загриженоста беше покрената по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) емитуван пред четири дена, во кој се појавија сомневања за експерименти што се спроведувале врз пациенти, како и оние според кои некои од нив се заразиле со бактерии за време на престојот во таа болница.
Министерот за здравство Беким Сали тврди дека овој случај нема да биде заборавен и дека никој не е над законот.
Тој побара повеќе време да го истражи случајот и да добие конкретни информации.
На прес-конференцијата одржана вчера, министерот не даде конкретни одговори на наводите за експерименти, како и за употребата на методот на хемофилтрација, кој се користи кај тешко болни пациенти, а е дозволен кај пациенти со Ковид-19.
Сали нагласи дека во времето на ковид-пандемијата, ниту еден здравствен систем не користел медицина базирана на докази. Тој прецизира дека „третманите биле базирани само на препораки“.
„Сигурни сте дека се правени експерименти? Би повикал да бидеме внимателни во она што го зборуваме. Експеримент е тежок збор“, предупреди Сали.
Се уште нема резултати од инспекцијата на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД), која треба да утврди дали е следена процедурата на клиничките испитувања хемофилтрација.
„Логично е да се даде малку време да се утврди сè според протоколи, прописи и закони. Сакаме да се увериме дека тоа било како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клинички испитувања“, рече Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД .
„Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите“, истакна Шабани.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во последните три години извршила 45 редовни и 52 вонредни контроли во дванаесет приватни здравствени установи.
Деталите ги соопшти директорката Иринка Сотирова-Бухова, која информира дека конкретно во „Жан Митрев“ биле извршени три редовни и девет вонредни контроли, од кои пет биле за пријавување третман надвор од протоколот, но дека после тоа констатираните недостатоци биле отстранети.
Предметниот случај го истражува и Јавното обвинителство, кој е во предистражна постапка и за кој засега не се откриваат детали.