Се бара американски исчезнат авион!
Објавено на 29 јануари, 2013 во 10:26
Продолжена е потрагата по американскиот борбен авион Ф16 од италијанската база Авиано.
Овој авион се смета за исчезнат од понеделникот вечерта. Исчезнал во близина на Јадранското Море.
Потрагата сега е насочена во поморската зона меѓу Лидо ди Савио и Церива, каде се пронајдени траги од гориво.
Авионот, што бил на вежба заедно со уште три летала, ја изгубил радио врската со базата и исчезнал од радарот, јавуваат италијанските медиуми. Пилотот сигнализирал за проблем во последната радио врска.
Пилотот на авионот што летал заедно со исчезнатиот авион го слушнал СОС сигналот на својот колега, но не видел каде точно паднал авионот.
