Првата миса на папата Франческо!

Објавено на 14 март, 2013 во 18:44

Новоизбраниот поглавар на Римокатоличката црква Хорхе Берголио,кардиналот на Буенос Аирес,кој го одбра името Франческо за папа, попладнево ја одржа првата миса.

Мисата во живо ја пренесуваа електронските медиуми низ светот.

Неговото семејство е во шок,среќно но и тажно, зашто сега се прашуваат кога повторно ќе го видат.

Внукот на папата, Хосе Берголио (29) им раскажал на новинарите дека после вестите за изборот на Хорхе Берголио за поглавар на Римокатоличката црква,целото семејство се собрало и се молело за новиот папа.

Берголио е инаку,првиот Латиноамериканец после 1300 години и прв папа језуит во 2000 години долгата историја на Римокатоличката црква.

Инаку,исусовците језуити или Исусовата дружина е машка заедница која спаѓа во најбројните во католичката заедница а освен по духовните познати се и по делувањата на бројните области од науката./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.