Хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост

Објавено на 30 декември, 2020 во 15:08

petrinje fin

30.12.2020

Хрватската Влада на денешната седница го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска поради жртвите од вчерашниот силен земјотрес.

– За ова се консултирав и со претседателот на Републиката и претседателот на Саборот. И тие ја поддржуваат оваа одлука, изјави премиерот Анддреј Пленковиќ на денешната владина седница, што ја почна со една минута молк за загинатите во земјотресот.

Во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала загинаа седум луѓе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.