Повеќе од 5.000 ученици останаа без своите училишта во Сисак, Глина и Петриња

Објавено на 30 декември, 2020 во 15:15

Zemjotresoturnaucilista fin

30.12.2020

На подрачјето на Сисак, Глина и Петриња, најпогодени од вчерашниот разорнен земјотрес, пет училишта се целосно неупотребливи, додека девет ќе можат да се санираат, изјави хрватскиот министер за наука и образование Радован Фухс.

Тој додаде дека 13 училишта се употребливи.

– Пет училишта се целосно неупотребливи, девет ќе можат да се санираат, но потребни се сериозни реконструкции и имаме тринаесет училишта кои ќе можат да функционираат, рече министерот пред новинарите пред владината седница, пренесува Н1..

Во Сисак 3.489 ученици останаа без училиште, а во Петриња 1.843, прецизираше министерот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.